Top Sport

Руи Коста е новиот претседател на Бенфика

Поранешниот португалски фудбалски репрезентативец, 49-годишниот Руи Коста е избран за нов претседател на лисабонскиот фудбалски клуб Бенфика. Тој доби над 84% од гласовите на изборите во клубот на кои гласаа над 40.000 челнови.

Неговиот противкандидат Франциско Бенитез доби нешто повеќе од 12% од гласовите.

Руи Коста во два наврати го носеше дресот на Бенфика (од 1991 до 1994 и од 2006 до 2008 година). До скоро беше потпретседател на клубот.

Луис Филипе Виери го водеше клубот 18 години, но мораше да на напушти функцијата затоа што беше обвинет за измама, избегнување на плаќање данок и перење пари во вредност од 100 милиони евра.

Руи Коста доби четиригодишен мандат до 2025 година.

Scroll to Top