Top Sport

Луис Енрике: Франција – тоа е најдобрата екипа во светот!

Репрезентациите на Шпанија и на Франција вечерва од 20.45 часот на „Сан Сиро“ во Милано ќе се борат за трофејот во второто издание на Лигата на нации на УЕФА.

Французите до финалето дојдоа по страшен пресврт на мечот со Белгија (3-2), додека „Фуријата“ до борба за трофејот дојде по изненадувачкиот триумф против актуелниот европски шампион, домаќинот на турнирот – Италија.

Пред мечот со „триколорите“, селекторот на Шпанија, Луис Енрике имаше само комплименти за противничката селекција предводена од Дидие Дешам.

„Погледнете го тимот на Франција и нивните стартни единаесет. Сите играат во најдобрите клубови на светот и се истакнати фудбалери, тоа е најдобрата екипа на светот. Сите тројца во нападот се супериорни и спремни да го свртат секој натпревар. Сепак, тоа нема да промени ништо во нашиот став. Игравме и го победивме европскиот првак, па што би било подобро од тоа да играме со бранителот на светскиот трон. Потребна ни е победа и национална титула за Шпанија, тоа е нешто што повеќето од нас не сме го доживеале“ рече Енрике.

Како увертира за спектаклот вечерва во Милано, од 15 часот во Торино, Италија ќе ја дочека Белгија во натпреварот за третото место.

Scroll to Top