Голманот на Вулверхемптон, Руи Патрисио постигнал договор со Рома. За да биде комплетиран трансферот, Рома треба да се договори со Вулверхемптон околу обесштетувањето.
Руи Патрисио, три сезони го бранеше голот на Вулвс, претходно 11 години мина во Спортинг од Лисабон.
Според медиумите во Италија и Англија, Вулвс за голманот бараат 12 милиони евра.
Руи Патрисио е долгогодишен прв голман на Португалија, за својата репрезентација настапи на 94 натпревари.
Вулверхемптон на местото на Руи Патрисои ќе го ангажираат неговиот сонародник Хосе Са од Олимпијакос.