Она што беше најавено пред почетокот на Европското првенство, попладнево доби потврда. Руи Патрисо е новиот голман на Рома. 33-годишникот во „вечниот град“ дојде од Вулверхемптон.
Рома за трансферот на Патрисио издвои 10 милиони евра. Трансферот, доколку бидат реализирани сите бонуси може да „тежи“ најмногу 13 милиони евра.
На трансферот на португалскиот голман инсистирал неговиот сонародник, Жозе Мурињо.