Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге вели дека сите во Баварија се „презадоволни“ од трансферот на Филипе Кутињо од Барселона, фалејќи го Бразилецот дека совршено се адаптирал на животот во Германија и на бундеслигашкиот фудбал.
27-годишниот Кутињо дојде на „Алијанц арената“ со едногодишен договор за позајмица по само една цела сезона во Барселона. Кутињо дојде во Барса од Ливерпул по пет години во Премиер лигата за 140 милиони евра, но во Каталонија беа целосно разочарани од неговата форма и го пратија на позајмица.
Кутињо има два гола и три асистенции во седум меча во Бундеслигата и Румениге е презадоволен.
„Филипе е фудбалер од висока класа, но нема однесување на ѕвезда. Тој е пријатна личност и популарен кај сите во Баерн. Ние сме презадоволни од трансферот. Дали ќе го заддржиме? Ќе одлучиме кога ќе дојде вистинско време“, вели 64-годишниот Румениге.