Top Sport

Румениге: Доколку Пош го плукнеше Турам тогаш повторно ќе дебатиравме за расизам

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, на телевизијата „Спорт1“, го коментирал инцидентот што се случи во саботата, на натпреварот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм.

Играчот на Борусија Маркус Турам доби црвен картон, откако го плукна противничкиот фудбалер Стефан Пош.

Турам се брани дека сè било случајно. Додека ја очекува казната од Бундес лигата, неговиот клуб реши да го казни со одземање на една месечна плата.

Румениге се прашува што ќе се случеше доколку играчот на Хофенхајм предизвикал инцидент.

„Се прашувам што ќе се случеше доколку Пош го плукнеше Турам. Тогаш ќе имавме уште една дебата за расизмот“, рекол првиот човек на најтрофејниот германски тим.

Scroll to Top