Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Карл-Хајнц Румениге, го советува Душан Влаховиќ, да остане во Фиорентина.
„Влаховиќ е млад, а веќе има постигнато многу голови. Би го советувал да остане во Фиорентина, да не трча по парите, барем во овој момент, па тој има само 20 години. Игра во силен и интересен тим. Би го советувал да остане уште некоја година во Фиренца“.
Румениге смета дека Влаховиќ може дополнително да напредува во Фиорентина.
„Претседателот Роко Комисо нема проблем со финансиите, сака да направи одличен тим. Фиорентина е сериозен проект, се надевам дека Валховиќ и неговите менаџери ќе најдат решение од кое сите ќе бидат задоволни“, рекол Румениге за РТВ38.
Фиорентина, во летниот преоден рок, одби 60.000.000 евра за Влаховиќ од Атлетико Мадрид.
Договорот на Влаховиќ му истекува во јуни 2023 година, што значи дека Фиорентина ќе мора да го продаде по завршувањето на сезоната.