Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге инсистира дека неговиот клуб не го следи развојот на крилото на Манчестер сити, Лирој Сане, обидувајќи се да ги демантира шпекулациите дека тие сакаат да потпишат со него во јануари и покрај неговата повреда.
Германскиот репрезентативец беше поврзуван со трансфер во Баварија, но Манчестер сити бараа огромна сума, а преговорите прекинаа кога Сане доби повреда на лигаментите на коленото во првиот меч од сезоната, Комјунити шилд дуелот со Ливерпул.
„Да бидам искрен, воопшто не го следам бидејќи никогаш не зборувам за фудбалери на други клубови во јавност. Правилата на ФИФА прво не го дозволуваат тоа и ќе го почитувам тоа“, вели Румениге.
Сане имаше 16 гола и 18 асистенции минатата сезона во 47 настапи за Сити, но во последните месеци од сезоната не беше често во стартниот тим на Пеп Гвардиола. По заминувањето на ветераните Франк Рибери и Арјен Робен, главната улога во нападот на Баерн го имаат Серж Гнабри, Кингсли Коман, Иван Перишиќ и младиот Алфонсо Дејвис.