Top Sport

Румениге очекува Алкантара да замине во Ливерпул

Извршниот директор на европските шампиони, Баерн Минхен, Карл-Хајнц Руменига признава дека клубот очекува во наредните неколку денови да добие понуда за Тијаго Алкантара, така потврдувајќи ги шпекулациите дека 29-годишниот Шпанец ќе потпише за Ливерпул.

„Тој ни кажа дека е во овој дел од кариерата, би сакал да се обиде со нешто ново. Затоа очекуваме во следните неколку денови да добиеме понуда од друг клуб“, вели Румениге за „Велт ам зонтаг“.

Тијаго е во Баерн од 2013 година, освојувајќи ја титулата од Лигата на шампионите, седум германски титули и четири ДФБ купови. Баерн го проценуваат на околу 29 милиони фунти, а тој може да биде клучен креативен човек во средината на тимот на Јирген Клоп.

Досега, Ливерпул ова лето го купија само грчкиот лев бек, Костас Цимикас од Олимпијакос, а се верува дека се блиску до договор со крилото на Вотфорд, Исмаила Сар, кого клубот го цени на околу 40 милиони фунти.

Scroll to Top