Top Sport

Аргентинскиот претседател го повика Меси да се врати дома

Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез му порача на Лионел Меси да се врати дома и да ја заврши кариерата во својот прв клуб, Њуелс олд бојс, по целиот хаос што се случи по барањето за трансфер.

Запрашан за фудбалскиот „земјотрес“ кој го предизвика Меси, претседателот имаше едноставна порака за легендарниот фудбалер.

„Ти си во нашите срца и никогаш не го видовме твојот талент во нашата земја, така што треба да си дојдеш дома и да ја завршиш кариерата во Њуелс олд бојс. Исто така би сакал и Марсело Биелса, тренерот на Лидс да се врати во Њуелс. Меси беше дел од уникатен тим во историјата на светскиот фудбал, но приказната е завршена“, изјави Фернандез.

Тој не направи избор помеѓу Диего Марадона и Меси околу тоа кој е најголемиот аргентински фудбалер.

„Меси и Марадона, бидејќи беа дел од две различни ери во светскиот фудбал. Вредноста на Марадона беше тоа што беше сам против целиот свет и никогаш не сме го виделе тоа. Негов плус е и тоа што беше во Аргентина и што беше гладијатор и воин“, вели Фернандез.

Scroll to Top