Top Sport

Румениге по 30 години си замина од Баерн

Карл-Хајнц Румениге поднесе оставка на функцијата во Баерн Минхен. Нов извршен директор на славниот клуб ќе биде уште една легенда Оливер Кан.

Румениге шест месеци пред истекот на договорот замина од Баерн. На неговото место доаѓа човекот на кого му беше ментор во изминатите шест месеци, голманската легенда, Кан.

Првата голема работа која ја заврши Кан беше ангажманот на тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.

Румениге беше функционер во Баерн од есента 1991 година, најпрвин како потпретседател, а од 2002 година како претседател.

Во иднина тој ќе биде дел од Извршниот одбор на УЕФА.

Scroll to Top