Мохамед Салах, најдобриот играч и стрелец на Ливерпул, од минатото лето се поврзува со неколку врвни тимови. Египетскиот репрезентативец, медиумите го поврзуваа со Реал, барселона, ПСЖ, Јувентус, а во таа „трка“, изгледа се вклучува и германскиот гигант, Барн Минхен.
Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, во една изјава рекол дека Салах е африканскиот Меси.
„Има квалитет да игра за најдобрите екипи во светот. Мислам дека Салах е африканскиот Меси. Она што тој го постигна со Ливерпул, може да се спореди со она што го направија Меси и Роналдо со Барселона односно Реал. не е во нашите планови, но секако дека би биле почестени доколку дојде во Баерн“, рекол Румениге.