Top Sport

Румениге: Шалке ќе беа шампиони да ги заддржеа талентите

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге ги поддржа старите ривали од Шалке, фалејќи го квалитетот на нивната младинска школа и велејќи дека тие би биле шампиони во Бундеслигата да не ги продале своите најдобри фудбалери.

Баерн ја оствари домашната двојна титула со 4:2 победата над Баер Леверкузен во финалето на ДФБ купот во саботата, додека Шалке беа само 12. по катастрофалната форма по рестартот на Бундеслигата.

Во тимот на Шалке во последните години играле Месут Озил, Мануел Ноер, Илкај Гундоган, Лирој Сане, како и новиот голлман на Баерн, Александер Нибел.

„Нивната младинска школа е една од најдобите во Германија. Шалке можеа да бидат германски шампиони ако ги заддржеа фудбалерите кои ги направија во младинската школа. Факт е дека секогаш имаат ветувачки таленти, но мораат да ги продадат како Лирој Сане во Манчестер сити во 2016. Но, никој не сака да го сожалувате. Со нов концепт, нов дух и со трпение, Шалке ќе најдат начин да се вратат“, вели Румениге.

Scroll to Top