Top Sport

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот.

Иако нема многу детали за случајот, се верува дека тој бил погоден од гром на саботниот тренинг, но дека за среќа избегнал некакви сериозни повреди.

„Младиот голман Заборовски беше погоден од гром и сега во одделот за интензивна нега. Инцидентот се случи бргу, амбулантното возило пристигна за осум минути, откако претходно му било дадено вештачко дишење. Тој е во болницата во Љуберци, и тестовите покажуваат дека нема оштетување на органите“, се вели во соопштението на клубот.

Според генералниот директор на клубот, Игор Мајоров, временските услови во областа биле пријатни.

Scroll to Top