Top Sport

Руни би можел да се врати во Евертон

Вејн Руни (37) би можел да се врати на местото каде ја почна фудбалската кариера, во Евертон и тоа како тренер, пренесува „Сан“. Актуелниот менаџер на „карамелите“, Френк Лампард е под сериозен притисок по последниот катастрофален пораз (1:4) на домашен терен од Брајтон.

Тоа беше осми пораз за тимот од „Гудисон“ на последните 11 натпревари, па Евертон моментално се наоѓа во „зоната за испаѓање“, а веќе почнаа шпекулациите за новиот тренер на клубот од Ливерпул.

Вејн Руни, кој моментално е менаџер на американскиот Ди си Јунајтед, е на врвот на листата на желби на сопственикот на Евертон, Фархад Мошири.

Меѓу останатите кандидати, кои на крајот би можеле да го наследат Френк Лампард, се поранешниот менаџер Роберто Мартинез, кој до неодамна ја водеше Белгија и Шон Дајч, кој последен пат го водеше тимот на Барнли.

Евертон не би бил првиот англиски тим кој ќе биде предводен од Вејн Руни. Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед беше на чело на Дерби Каунти, кои во тоа време беа во сериозни финансиски тешкотии. Руни поднесе оставка како менаџер на Рамс во јуни 2022 година, за да го преземе Ди си Јунајтед следниот месец.

Scroll to Top