Top Sport

Руни е заинтересиран да го преземе кормилото на Њукасл

Навивачите, но и фудбалрите на клубот од „Сент Џејмс парк“ се исклучително незадоволни од работата на актуелниот менаџер на Њукасл – Стив Брус.

Медиумите на Островот пренесуваат дека дошло до судир во соблекувалната меѓу Џамал Ласелс и Ајзак Хајден и дека Управата мора итно да реагира за да ја смири наталожената тензија во клубот.

Се споменува дека е можно, додека меѓу „чавките“ не дојде некое големо тренерско име, новите сопственици би можело да посегнат по привремено решение.

Менаџерот на Дерби Каунти, легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е заинтересиран да го напушти „бродот што тоне“ и да седне на клупата на Њукасл, пренесуваат тамошните медиуми.

Дерби е во големи финансиски проблеми, практично пред банкрот.

Нема сомнение дека легендата на англискиот фудбал е некој би привлекол внимание со самото тоа што би добил можност да води клуб во Премиерлигата, но проблемот е во неговото скромно тренерско искуство.

Оттука, се чини дека челниците на Њукасл ќе побараат постабилно решение. Се споменуваат имињата на Паоло Фонсека, Стивен Џерард и Унаи Емери.

Scroll to Top