Вејн Руни вели дека неговиот клуб од детството, Евертон „јасно му кажале“ дека сакале тој да замине од клубот, пред тој минатиот месец да направи трансфер во МЛС лигата, во Ди Си јунајтед.
Руни се врати на „Гудисон парк“ минатиот јули по 13 години во Манчестер јунајтед и минатата сезона постигна 11 голови за „карамелите“ за да биде нивниот најдобар стрелец. Меѓутоа, 32-годишниот ветеран не беше постојан за клубот кој немаше најдобра сезона и новиот менаџер Марко Силва и новиот директор на фудбал Марсел Брандс јасно му посочиле дека не сакаат тој да остане во клубот, иако Силва јавно изјавуваше дека Руни би можел да остане.
Руни, кој ќе дебитира во МЛС против Ванкувер вајткепс во сабота во интервју за „ЕСПН“ ја објаснува својата страна на приказната.
„Очигледно во Манчестер јунајтед не добивав доволно фудбал, но можев лесно да останам со две години на договорот и да ги собирам високите плати. Но, јас сакав да играм, и затоа се вратив во Евертон, кои на крајот на сезоната јасно ми порачаа дека ќе бидат среќни ако јас заминам. Која беше причината, не знам. Мислам дека бев океј, бев најдобар стрелец иако поголемиот дел од сезоната играв како играч од средниот ред. Но, тоа е фудбалот. Им кажав: ’Не сум дете, и ако сакате да заминам, кажете ми’“, објаснува Руни.
How did Wayne Rooney come to leave Everton for D.C. United? @TaylorTwellman sits down with England’s all-time leading goal scorer. pic.twitter.com/SLgCMownR7
— ESPN FC (@ESPNFC) July 12, 2018