Top Sport

Руни ги уверува фановите: Мурињо знае што прави

Вејн Руни вели дека неговиот поранешен менаџер Жозе Мурињо има план да го „сврти“ патот на Манчестер јунајтед и дека фановите треба да имаат доверба во него.

По поразот на Јунајтед од 3:2 од Брајтон почнаа шпекулациите дека Мурињо е пред излез од Јунајтед по конфликтот со Пол Погба и со потпретседателот на клубот, Ед Вудворд, но Руни, најдобриот стрелец во историјата на Јунајтед, кој сега игра за Ди Си јунајтед во Америка, вели дека треба да се има доверба.

„Тимот има квалитет, треба само да турка напред. Мурињо знае што прави и знае како да освојува титули. Сигурен сум дека со квалитетот на фудбалерите кои ги има, има совршен план да оди на титула и оваа сезона“, вели Руни.

Поранешниот англиски напаѓач, Алан Ширер, пак, не верува во ваков пресврт. Ширер, кој славно го одби Јунајтед додека беше фудбалер, вели дека работите одат во погрешна насока по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година.

„Јунајтед се обидоа да го спречат падот. Три менаџери и стотици милиони нови играчи, но сето тоа без план. Во сезоните откако Сер Алекс се пензионираше тие заостануваа 22, 17, 15, 24 и 19 поени зад шампионите. Не постоеше вистинска борба за титула, а сега гледаме дека има и хаос зад сцените“, пишува Ширер во колумната за весникот „Сан“.

Scroll to Top