Top Sport

Руни: Имав желба да играм за Барселона

Вејн Руни ја презеде функцијата менаџер на Дерби каунти. По тој повод тој дал интервју за „Ју-ти-ди подкаст“. Во интервјуто говорел за периодт во Манчестер јунајтед. Руни е најдобриот стрелец во историјата на „црвените ѓаволи“.

„Мислам дека сите знаат дека Челси и Мурињо сакаа да ме донесат на „Стенфорд Бриџ“, додека бев играч на Јунајтед. Трансферот таму никогаш не беше опција. Заинтересирани беа и Реал Мадрид, Манчестер сити и Барселона кои ми беа привлечни“, рекол Руни и дополнил.

„Бев подготвен да одам во Шпанија. Немаше да се жалам доколку завршев во Барселона, но поблиску бев до Реал. Се сеќавам дека седев и размислував како би било да се игра за Барселона во која се Меси, Чеви, Иниеста и Бускетс…Мислам дека би се вклопил одлично, бидејќи тогаш Меси не беше деветка, играше многу широко. Ќе беше идеално“.

Scroll to Top