Капитенот на Евертон, Вејн Руни признаваше дека тоа што нема постигнато гол на Мерсисајд дербито против Ливерпул е една од работите за кои жали во долгата кариера. Во неделата, Руни го направи токму тоа за да обезбеди 1:1 реми во големиот меч.
Ветеранот погоди сигурно од белата точка во 229. дуел на двата тима од Ливерпул, за фрустрацијата да ја остави кај Јирген Клоп и Ливерпул.
Домаќините доминираа во играта на „Енфилд“, но на крајот му предадоа поен на тимот на Сем Алардајс, кои беа презадоволни од резултатот. Мохамед Салах го постигна 19. гол оваа сезона, но Ливерпул дозволи Руни да добие шанса да блесне, иако од белата точка.
Дејан Ловрен не се снајде најдобро во дуелот со Доминик Калверт-Луин, за да го турне напаѓачот на „карамелите“ и судијата да покаже на белата точка.
Со овој резултат речиси сите ривали на Манчестер сити и Манчестер јунајтед за титулата пропуштија поени – Челси загуби од Вест Хем, Арсенал едвај спаси поен против Саутемптон и сега Ливерпул пропушти гарантирана победа.