Top Sport

Руни контра таблоидите за шпекулациите со „мистериозната жена“

Поранешниот англиски капитен, Вејн Руни издаде официјално соопштение на Твитер откако британскиот таблоид „Сан“ објави фотографии од фудбалерот како влегува во хотел во Ванкувер со „мистериозна жена“, инсинуирајќи дека тој ја мами својата сопруга.

Ова не е првпат „Сан“ како тема да ја има верноста на Руни кон неговата сопруга Колин, со која има четири сина, и овојпат Руни вели дека „доста е доста“. Иако се сретнал со жената во 5.30 часот наутро по излегување со колегите од својот тим Ди Си јунајтед, Руни вели дека немало ништо меѓу нив, туку дека таа само барала автограм.


„’Сан’ оваа недела на насловната страна објави приказна на која сака да покаже дека јас однесов жена во тимскиот хотел. И јас и тие знаат дека тоа не е вистина, но го користат моето име и името на моето семејство да продаваат весници. Ништо не се случи меѓу мене и ниту една девојка во Ванкувер. Не влегов во лифтот со девојката. Таа беше една од многуте кои бараа автограм и фотографија. Целата приказна е само војна против мене. Штети на мене и на моето семејство и тоа не смеам да го трпам“, вели Руни.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Евертон, од јануари ќе се приклучи на Дерби каунти како фудбалер-тренер.

Scroll to Top