Top Sport

Ливерпул тврдат дека не го „уништиле животот“ на братучедот на Џерард

Ливерпул одговорија дека се „разочарани“ од непотребните коментари и обвинувања кои беа направени кон клубот од агентот на тинејџерот Боби Данкан, кој ги обвини „црвените“ дека го нарушиле менталното здравје на 18-годишниот напаѓач.

Во неверојатна објава директно на Твитер во средата попладне, агентот на Данкан, Саиф Руби, ги обвини Ливерпул дека го „уништиле животот“ на 18-годишниот Данкан со ментално насилство. Во изјавата се издвојува спортскиот директор Мајкл Едвардс и се посочува малата плата која Данкан ја добива во клубот, како и одбивањето на клубот да го позајмат на Фиорентина ил Нордсјеланд. Според него, Данкан „никогаш нема да се врати“ во клубот од детството.

Ливерпул одговорија со сопштение малку подоцна.

„Интересите на фудбалерот не се штитат со неточни шпекулации, намерно бомбастични изјави или во јавноста, така што нема да коментираме. Но, ќе продолжиме да работиме со него да најдеме најдобро решение за сите вклучени“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Данкан, кој е братучед на легендата на Ливерпул, Стивен Џерард дојде на „Енфилд“ летото 2018 година откако претходно седум години беше во Манчестер сити. Со У-18 тимот на Ливерпул тој го освои ФА Јут купот, прв за Ливерпул од 2007 година, а беше и дел од првиот тим во пријателските мечеви во текот на летото.

Scroll to Top