Напаѓачот на Ди Си Јунајтед, Вејн Руни, рекол дека ќе му биде многу тешко доколку титулата во Премиер лигата на Англија, ја освојат фудбалерите на Ливерпул.
Поранешниот фудбалер на Евертон и Манчестер Јунатед признал дека повеќе сака Манестер сити да ја одбранат титулата, отколку Ливерпул по пауза од 29 години да бидат шампиони на Англија.
„Манчестер сити и Ливерпул се борат за титулата и добро е што јас сум далеку од својата земја. Се надевам дека ‘граѓаните’ ќе го освојат трофејот“, рекол Руни и дополнил.
„Не можам мирно да ја гледам прославата и радоста на навивачите на Ливерпул. Тоа би бил лош ден за секој навивач на Евертон. Тоа би бил кошмар“.
Во финишот на сезоната на врвот Ливерпул има натпревар повеќе од Сити и 76 бода на своето конто, два повеќе од „граѓаните“.