Вејн Руни вели дека едвај ја чека шансата да го пречека својот поранешен клуб Манчестер јунајтед во ФА купот со тимот на Дерби каунти, признавајќи дека ја посакувал таа ждрепка.
Тимот на Оле Гунар Солскјер ќе игра на „Прајд парк“ утре, а секако вниманието ќе биде насочено кој 34-годишниот Руни, кој помина 13 години на „Олд Трафорд“ и постигна 253 гола во 559 натпревари.
„Едвај чекам! Навистина го сакав Ман јунајтед во ждрепката, и бевме во автобус на пат кон хотел кога дознавме дека играме со Јунајтед и сите славеа. Одличен натпревар за нашите гледачи. Ќе видиме дали ќе можеме да ги победиме“, вели Руни.
Тој двапати играше против Јунајтед како играч на Евертон во 2017/18, иако двапати загуби со 2:0 и 4:0. Руни вели дека ќе прославува ако даде гол, иако вети дека нема да го прави истото како со Јунајтед кога играше против Евертон, кога го бакнуваше грбот на клубот.
„Не, нема да биде така, но мислам дека сите ќе разберат. Сакам Дерби да победи, а по мечот ќе продолжам да бидам навивач на Манчестер јунајтед и ќе сакам да победат во сите други мечеви“, вели Руни.