Top Sport

Адеми ја „завери“ победата на Динамо на „Пољуд“ (видео)

Динамо Загреб направи голем чекор напред кон нова хрватска титула, откако во најголемото хрватско дерби во Сплит на „Пољуд“ стигна до 2:0 победа над Хајдук.

Првиот гол за „модрите“ го постигна Кадзиор во 47. минута од мечот, додека триумфот на шампионот го завери македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми на 15 минути пред крајот на мечот.

Динамо сега има огромни 17 поени предност пред Хајдук на врвот на табелата.

Scroll to Top