Top Sport

Руни: Падот на Јунајтед започна пред заминувањето на Фергусон

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни е ѕвезда на најновиот документарен филм, од продукцијата на Амазон.

Актуелниот тренер на Дерби каунти, рекол дека падот на екипата започнал и пред 2013 година, кога во пензија замина легендарниот менаџер, Алекс Фергусон.

Според Руни, Јунајтед, последната титула ја освоиле само поради Робин ван Перси, кој таа сезона постигна 26 гола и како што рекол Руни го „носел целиот тим“.

„Се можеше убаво да се забележи по 2011 година. Роналдо замина во 2009 година, потоа и Тевез, можеше да се претпостави дека работите нема да одат напред, туку дека ќе се движат во спротивна насока. Јас го забележав тоа, поставував прашања. За жал, ми се чини дека се уште не закрепнале до денес“, вели Руни.

Манчестер јунајтед девет години нема титула во Премиер лигата.

„Тој тим од 2013 година не беше сјаен. Мислам дека вистинско чудо што станавме шампиони. Големи заслуги за тоа има Ван Перси. Неговиот трансфер не крена, играше деветка, постигна многу голови. Велемајсторски потег на менаџерот беше да се донесе таков игра, кој беше гладен за трофеи. Ван Перси не носеше таа сезона“, дополнил Руни.

Scroll to Top