Вејн Руни сериозно преговара со Ди Си јунајтед за можен трансфер ова лето, јавува американскиот весник „Вашингтон пост“, објаснувајќи дека англиската ѕвезда веќе нема нерви за настап за клубот од детството, Евертон.
32-годишниот Руни има 10 гола во Премиер лигата оваа сезона, и ниту еден од декември, откако помина 13 години во Манчестер јунајтед, каде што стана најдобар стрелец во историјата на клубот, а за англиската репрезентација одигра 119 пати и постигна 53 голови.
Руни има уште една гоидна договор со Евертон, но неговата фрустрација расне посебно со ангажирањето на Сем Алардајс како тренер. Се верува дека клубот од МЛС лигата е подготвен да плати 17 милиони долари за Руни, многу далеку од сумата од 77 милиони долари, колку што вредеше Руни пред шест години.
Доколку замине во САД, тој сигурно ќе стане еден од најплатените фудбалери во МЛС, бидејќи во Евертон заработува околу 10 милиони долари годишно. Ди Си исто така ќе се обиде да донесе уште позвучни имиња ова лето, како Хавиер „Чичарито“ Ернандез, Карлос Тевез и Марио Балотели.
Фото: ЕПА