Top Sport

Руни сѐ поблиску до МЛС лигата

Вејн Руни веќе се согласил да се приклучи на тимот на Ди Си јунајтед од Евертон, заминувајќи од својот клуб од детството по само една сезона по кам-бекот, јавуваат повеќе британски медиуми.

Според „Дејли мирор“, тој ќе се пресели во Америка со првичен договор од две и пол години, а интересно е што три клуба ќе го го спонзорираат неговиот трансфер, бидејќи Манчестер јунајтед уште исплаќаат дел од платата на напаѓачот, кој добива 15 милиони фунти годишно. Ди Си нуди само 3 милиони фунти годишно поради стриктниот селери кап во МЛС лигата, но Руни би бил „означен“ играч и би бил надвор од оваа шема.

32-годишниот Руни има уште една година од договорот со клубот од „Гудисон парк“, откако оваа сезона беше најдобар стрелец на тимот, но влезе во конфликт со менаџерот Сем Алардајс, кој според најновите шпекулации останува во клубот.

Фото: ЕПА

Руни размислува за преселба во Вашингтон

Scroll to Top