Top Sport

Вилијамс Ф1 останаа без главниот дизајнер

Главниот дизајнер на болидите на Вилијамс, Ед Вуд си заминува од англискиот Ф1 тим по 12 години, зголемувајќи ги шпекулациите за криза во еднаш славниот тим.

Во соопштение до „Аутоспорт“, тимот објави дека заминувањето на Вуд е негов избор и дека доаѓа поради „приватни причини“. 50-годишниот Вуд работеше во Ферари и Рено, пред да дојде во Вилијамс во 2006 година.

„Можеме да потврдиме дека Ед Вуд си заминува поради приватни причини. Тој беше клучен дел на нашиот тим, дизајнирајќи ги болидите ФВ36 и ФВ37 со кои го освоивме третото место во 2014 и 2015 година“, објавија од Вилијамс.

Вилијамс последните години го засили техничкиот тим со Педи Лоув од Мерцедес, со Дирк де Бер од Ферари и со Даг Мекирнан од Мекларен. Сезоната 2018 започна катастрофално за тимот, и во моментот се последни во генерален пласман со само 4 поени.

Scroll to Top