Top Sport

Руни со „паненка“ го обележа јубилејот (Видео)

Вејн Руни синоќа го одигра јубилејниот 500 натпревар во англискиот фудбал. Поранешниот англиски репрезентативец е тренер и играч на Дерби каунти. Тој со капитенската лента го предводеше својот тим против Фулам (1:1).

Јубилејот Руни го обележа со гол од пенал. Со „паненка“ Руни му донесе предност на Дерби која потоа ја анулираше најдобриот стрелец во Чемпионшип дивизијата, Александар Митровиќ.

Вејн Руни во англискиот фудбал се појави во 2002 година кога на 16 годишна возраст дебитираш за Евертон на натпреварот против Тотенхем. Два месеци подоцна постигна гол и стана најмладиот стрелец во историјата на Премиер лигата.

Од Евертон се пресели во Манчестер Јунајтед каде потоа стана најдобриот стрелц во историјата на клубот.

Scroll to Top