Top Sport

Руни со прв хет-трик во МЛС за убедлива победа на Ди Си јунајтед (видео)

Вејн Руни по првите два меча од МЛС сезоната без голови, постигна хет-трик за Ди Си јунајтед да стигнат до 5:0 победа над Реал Солт Лејк

Гостите пристигнаа во Вашингтон со две победи во два меча, но Руни постигна два гола во првото полувреме – прво од пенал во 34. минута, а потоа и во 41. минута, по што во второто полувреме неговиот тим ја комплетираше победата, а тој хет-трикот во 65. минута.

Со победата Ди Си се на првото место во Источната конференција со седум поени во три меча, додека на Западот, Сиетл Саундерс се најдобри по третата победа во низа, овојпат од 4:2 над Чикаго фајр.

Scroll to Top