Top Sport

Нова УФЦ мешаница! Масвидал го нокаутираше Тил, па продолжи да се тепа по мечот! (видео)

Американецот Хорхе Масвидал во саботата навечер го шокираше англискиот фаворит Дарен Тил во главниот меч на УФЦ Лондон во „О2 Арената“, а тепачката продолжи и по мечот, во уште една контроверзна завршница на УФЦ меч.

Масвидал со силен удар со левицата го прати Тил на подот по 3:05 во втората рунда, замолчувајќи ја дотогаш супер-гласната домашна публика. Тил, кој сега има два порази едноподруго во велтер категорија, неколку минути остана да лежи на подот, добивајќи медицинска помош. Тил беше фаворит кај букмејкерите и тоа го покажа во првата рунда, кога неколку пати опасно го „закачи“ противникот.

Сепак, УФЦ не би била УФЦ доколку на крајот немаше некоја контроверза. Масвидал по блескавата победа даваше интервју, а кога од страна дојде Англичанецот Леон Едвардс, кој го победи Гунар Нелсон во претходен меч и го предизвика на дуел, Американецот реши да отиде до кај него и да ја продолжи тепачката.Сè за малку промоција, нели?

Scroll to Top