Манчестер Сити му понуди на Јувентус 30 милиони евра за трансфер на Кристијано Роналдо меѓу „граѓаните“.
Португалецот најверојатно ќе потпише двегодишен договор со клубот од „Итихад“ за плата од 31 милион евра по сезона и ќе се пресели во таборот на Пеп Гвардиола.
Еден од оние кои не веруваат во ваквиот расплет е поранешниот соиграч на CR7 од Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
„Кристијано остави длабока трага во Јунајтед и знам дека на тоа е горд и како играч и како човек. Не го гледам во Сити, но тоа е фудбал и никогаш нема да знаете што ќе се случи. Малку се играчите на негово ниво кои изведоа такви трансфери. Тоа го сторија Петер Шмајхел и Енди Кол, но не верувам дека и Роналдо ќе го стори тоа. Мислам дека е поблиску до ПСЖ“ вели Руни.
Од таборот на „Светците“ веќе демантираа дека преговараат со Роналдо.