Дербито на Рур, меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04 во минатото беше пресметка со многу жар, амбиции за титула и неизвесност до самиот крај, а сега се претвори во борба меѓу фаворит и „фенерџија“.
„Милионерите“ од Дортмунд со 3-0 славеа против екипата од Гелзенкирхен.
Иако Борусија 55 минути беше на 0-0 со гостите, тогаш Акањи погоди за домашно водство.
Гостинот „се отвори“, па до крајот Халанд во 61 и Хумелс во 78 минута ја завршија работата.
Фудбалерите предводени од тренерот Фавр по 5 кола собраа 12 бода и се на третата позиција, веднаш зад Баерн Минхен кој исто така има 12 и лидерот на табелата, РБ Лајпциг со бод повеќе.
Шалке е во страша криза, 21 меч не знаат за победа, а моментно се претпоследни со само 1 бод од можни 15.