Рушту Речбер, поранешниот турски голман, вели дека е целосно опоравен од корона вирусот и покрај тоа што заглави во болница и беше приклучен на респиратори, и вели дека е вечно благодарен на својот поранешен клуб Барселона за поддршката која му ја пружиле.
„Лекувањето беше долго и многу тешко. Во Турција ми даваа лекови 10 дена и направија сè да се опоравам. Поддршката од најблиските ми беше најважна. Сите се обединивме и победивме. Голема поддршка добив од Барселона. Такви работи нема никогаш да ги заборавам. Никогаш нема да заборавам што направи Барса за мене и секогаш сум тука за нив“, вели 46-годишниот Рушту за „АС“.
Тој беше голман на Барселона една сезона, во 2003/04, но врската со клубот очигледно е силна.
„Тоа беше посебна година за мене. Горд сум што бев дел од големото семејство и немам ниту едно лошо искуство. Беше вистинско задоволство да се дели соблекувалната со луѓе како Чави“, вели Турчинот.