Селекциите што ќе учествуваа на Светското првенство во Русија имаат вкупна вредност на пазарот од 10,45 милијарди евра. Светското првенство ќе започне в четврток со натпреварот помеѓу Русија и Саудиска Арабија.
Одделно, на пазарот, најголема вредност имаа репрезентациите на Франција и Шпанија. „Триколорите“ и „црвената фурија“, се единствените селекции чија вредност се пишува со десет бројки.
Франција вреди 1,08, а Шпанија 1,03 милијарди евра.
Зад овие две репрезентации следуваат: Бразил (981 милиони евра), Германија (883), Англија (854), Белгија (754) и Аргентина (693).
Репрезентацијата на Португалија, која е актуелен европски првак, вреди 464,5 милиони евра, за зад Португалците се Уругвај (372,5), Хрватска (360), Сенегал (297,3) и Полска (273,8).
Најмала вредност имаат Перу (37,53), Саудиска Арабија (18,7) и Панама (8,43) милиони евра).