Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Кевин Дурент,бил горд што е избран за најдобар играч во тимот, во кој сите играчи се одлични. Дурент беше прогласен за МВП на финалната серија, во која Вориорс со 4-0 ги поразија Кливленд Кавалирс.

Откако го доби признанието, Дурент се соочи со прашањата дали МВП наградата ја заслужил неговиот соиграч Стеф Кари, а многумина сметаат дека ова признание требало да ју припадне на лидерот на поразениот тим, Леброн Џејмс.

„Мислам дека е лесно да бидеш најдобар кога околу себе немаш добри соиграчи. Многу е потешко да се истакнеш кога во тимот имаш одлично соиграчи. Горд сум што се издвоив, горд сум што напорно работам каде и да одам. Моите соиграчи ми даваат поттик да бидам уште подобар и чувствувам дека сум вистински воин“, рекол Дурент.

Еден од најдобрите крилни кошаркари во историјата на лигата, финалната серија ја заврши со просечни 28,8 поени, 10,8 скока и 7,5 асистенции.