Top Sport

Русија со суперкомпјутер бара подобра прогноза за Мундијалот

Русија поставува суперкомпјутер кој би требало да ги подобри временските прогнози пред натпреварите од Светското првенство ова лето.

Со помош на Светската банка, Русија подолго време работи на подобрување на метеоролошките квалитети со користење на стандарди на западните земји. Потребата за точна временска прогноза ќе биде клучна за првенството кое ќе трае еден месец во 11 града од Калининград до Екатеринбург (2.500 километри) до Сочи на брегот на Црното Море.

Роман Вилфанд, шефот на рускиот центар за метеорологија „Хидрометцентар“, изјави дека новиот суперкомпјутер ќе биде оперативен во март, три месеци пред стартот на Мундијалот.

„Секако, главната подготовка е пред Мундијалот. Во моментов преговараме за пренос на податоци до организациониот комитет. Се надевам дека набргу ќе почнеме подетално да добиваме слика за временските услови над Русија“, изјави Вилфанд, кој не сакаше да ја открие сумата која Русија ќе ја потроши на ова.

Scroll to Top