Top Sport

ЕХФ ја олесни Македонија за 2.000 евра

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја олесни касата на Македонската ракометна федерација за 2.000 евра. Толку казна треба да плати РФМ поради нестандардната опрема која ја носат нашите репрезентативци на Европското првенство во Хрватска.

1.000 евра е казната поради различните чорапи кои ги носат репрезентативците. Поради ова Македонија беше казнета и на Европското првенство пред две години во Полска.

Дополнителни 1.000 евра РФМ ќе плати поради стреч-гаќите, кои под шорцот се гледале кај Манасков, браќата Лазаров, Талески, Кузмановски и Велковски.

Scroll to Top