Top Sport

Русинките „тренираат“ да тепаат Англичани на Мундијалот? (видео)

Англискиот „Дејли мирор“ објави видеа во кои се гледа како руски навивачки се тепаат меѓу себе како „подготовка“ за пречек на англиските фанови на Мундијалот ова лето.

Според „Мирор“, видеата кои се појавија на „Офсњуз“, порталот на руските ултраси и на Јутјуб покажуваат навивачи на Зент и на ЦСКА Москва во пресметка, додека коментарите велат дека ова е подготовка за Англичаните.

„Ќе биде забавно да се гледа како 150 жени се тепаат со пијани Англичани“, вели еден од коментарите.

Заменикот шеф на Националниот полициски совет, Марк Робертс, кој ќе биде одговорен за безбендоста на англиските навивачи вели дека ги очекуваат предизвици, посебно бидејќи ќе патуваат над 10 илјади навивачи.

„Во Русија постои проблем со хулиганите, со огромен фокус на насилството. Има потенцијални проблеми за нас“,изјави Робертс за „Дејли мирор“.

Scroll to Top