Top Sport

Русите бесни на „Адидас“ за новите дресови: Па, тоа е знамето на Србија!

Руската фудбалска репрезентација одбива да ги носи новите дресови на „Адидас“ поради дизајнот на ракавите кои треба да го претставуваат националното знаме, но наместо руското, тоа наликува на српското знаме.

„Во следните натпревари, рускиот национален тим ќе продолжи да го носи дресот со кој ги започнавме квалификациите“, потврдија од Руската фудбалска унија (РФУ).

Новиот дрес на „Адидас“ на ракавот има сина и бела завршница, која со црвената база, го креираат српското, а не руското знаме. Не е јасно како ваков пропуст си дозволиле од компанија како „Адидас“. Колумбиските и германските дресови, на пример, ги имаат боите во вистинскиот распоред.

Рускиот селектор, Станислав Черчесов имаше интересен коментар на дизајнот.

„Знаете, кога навивачите ќе ги кренат рацете и ќе аплаудираат, тогаш ќе можеме да го видиме руското знаме на дресот“, вели Черчесов.

 

Scroll to Top