Пропадна трансферот на Марио Манџукиќ во редовите на Локомотив Москва. Русите се обиделе да го измамат поранешниот хрватски репрезентативец, кој откако пристигнал во Москва одбил да го потпише договорот. Измамата ја открил адвокатот на фудбалерот.
Според договорот Манџукиќ требало да потпише две годишен договор за 2.400.000 по сезона и да добије 3.000.000 евра бонус бидејќи во Локомотив доаѓа без обесштетување.
„Манџукиќ се договорил со Локомотив, плата од 2.400.000 евра, но неговиот адвокат открил клаузула поради која пропадна договорот. Локомотив во договорот напишале дека ќе го плаќаат Манџукиќ по фиксниот курс нод 75 рубљи за едно евро. Манџукиќ веднаш ги прекинал преговорите лут што клубот се обидел да го измами“, открил рускиот новинар Нобел Аррустајман.
Руските клубови често се служат со вакви и слични маневри бидејќи курсот на рубљата варира. Со вакви клаузули клубовите се обидуваат да се заштита бидејќи рубљата често девалвира. Ако клубовите не се штитат на ваков начин би дошле во ситуација на фудбалерите да треба да исплатат повеќе пари од договорените.
Според денешниот курс едно евро вреди 92,43 рубљи, што значи дека Манџукиќ би заработил многу помалку од предвидените 2.400.000 евра.