Top Sport

Руска „трансфер бомба“ – Ширле оди во Спартак Москва

Фудбалерите на Спартак Москва добија звучно име како засилување за тимот. Се работи за екс-репрезентативецот на Германија, Андре Ширле (28) кој со „Панцирите“ го освои Мундијалот во 2014 година.

Ширле кој е екс-играч на Челси и Фулам во Москва доаѓа како позајмен играч од редовите на германскиот вицепрвак, Борусија Дортмунд.

Германски „Кикер“ пишува дека крилниот напаѓач сезонава ќе ја помине како позајмен играч, а московскиот клуб идната сезона ќе може да го откупи неговиот договор со од „милионерите“ за 7 милиони евра.

Поранешниот младински фудбалер на Мајнц и на Баер Леверкузен зад себе има 57 настапи за репрезентацијата, но сепак во минатите години не беше актуелен на најголемата фудбалска сцена.

Спартак, новиот тим на Ширле минатата сезона ја заврши на петтото место на табелата во Русија.

Scroll to Top