Top Sport

ФИФА одреди кои се 10-те фудбалери и тренери кои ќе се борат за наградата „Д Бест“

ФИФА ги соопшти имињата на 10-те тренери фудбалери кои ќе се борат за наградата „Д Бест”.

Кандидати за ова ласкаво признание се: Кристијано Роналдо, Френк де Јонг, Матијс де Лихт, Хари Кејн, Еден Азар, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.

Изборот го направија фудбалските фанови, но и новинари, селектори на репрезентациите и нивните капитени.

Победникот ќе се знае на церемонија во Милано на 23. септември оваа година.

Светката куќа на фудбалот ја објави и листа со 10-минатата тренери кои се во игра за најдобар стратег на годината.

Во конкуренција за признанието се: Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Ерик тен Хаг, Маурицио Покетино, Фернандо Сантош, Тите, Дидие Дешамп, Џамел Белмади, Марсело Гаљардо и Рикардо Гарека.

Scroll to Top