Top Sport

Руската фудбалска федерација: Одлуката на ФИФА е спротивна со спортскиот дух

Рускиот фудбалски сојуз (РФС) реагираше на одлуката на ФИФА и УЕФА да ги исфрлат сите руски клубови и репрезентации од меѓународните натпреварувања, посочувајќи дека го заддржуваат правото да се жалат на интернационалните судови, и обвинувајќи дека се работи за „одлука спротивна на спортскиот дух“ која ќе погоди огромен број на луѓе.

„Рускиот фудбалски сојуз категорично изразува несогласување со одлуката на ФИФА и УЕФА да ги суспендираат сите руски тимови од натпреварување на неопределен рок. Сметаме дека ова е спротивно на нормите и принципите на интернационалните натпреварувања, но и во духот на спортот. Одлуката има дискриминирачки карактер и ќе погоди огромен број на фудбалери, тренери, вработени во клубовите и најважно милиони руски и странски фанови, чии интереси овие организации мораат да ги штитат. Ваквите постапки ја разделуваат светската спортска заедница, која секогаш имала темели во принципите на еднаквост, взаемна почит и независност од политиката“, се вели во реакцијата.

Тотална спортска блокада – ФИФА и УЕФА ги исфрлија Русите, Евролига ги суспендираше клубовите

Scroll to Top