Рускиот фудбалер Валериј Сарамутин вели дека бил исфрлен од составот на американскиот клуб Остин болд откако одбил да стои на едно колено во чест на „Black Lives Matter“.
Остин болд, кои се натпреваруваат во втората американска лига, односно нивото под МЛС лигата, како повеќе американски клубови протестираат во знак на солидарност со Афроамериканците по смртта на Џорџ Флојд. Сарамутин вели дека тогаш почнале проблемите.
„Не клекнав и клубот ми направи проблеми. Тренерот ми порача дека морам да размислам за моето однесување. Имав разговори и со претседателот на клубот кој ми порача ‘Ова мора да го направиш за другите’, но јас не сфаќам зошто би морал да направам нешто“, вели Сарамутин.