Голема е веројатноста македонскиот репрезентативец Аријан Адеми да го напушти Динамо Загреб во летниот преоден рок. Можна дестинација на капитенот на „модрите“ е Москва. Два клуба од руската престолнина се заинтересирани за Адеми.
Според руските медиуми велат интерес за Адеми покажале великаните Спартак Москва и ЦСКА Москва. Двата тима биле подготвени да го плататат обесштетувањето за да го доенсат во своите редови.
Инаку на вредноста на Адеми на трансфер пазарот се проценува на околу пет милиони евра, но сигурно е дека Динамо ќе пара некое милионче повеќе за својот капитен.
Адеми има договор со Динамо до јуни 2023 година.