Top Sport

Рускиот милијардер Усманов сака да инвестира во Евертон

Рускиот милијардер Алишер Усманов, кој продаде 30 отсто од своите акции во Арсенал во 2018 година, сега сака да инвестира во Евертон, каде што главен акционер е неговиот пријател и бизнис-партнер Фархад Мошири, објавува „Фајненшл тајмс“.

Усманов се обидуваше да ја презеде контролата на Арсенал, пред во август 2018 да се откаже и да ги продаде акциите на Американецот Стен Кренке. Неговата холдинг-компанија „УСМ“ е спонзор на тренинг-центарот на Евертон од 2017, но сега би сакал да ги добие правата за името на новиот стадион кој ќе се гради во Бремли-Мур Док.

„Не мора да учествувам во водењето на тимот. Можам само да ги спонзорирам, да бидам акционер. Ќе градат нов стадион, зошто да не се вика ’УСМ арена’“, изјави Усманов.

Евертон, кои го отпуштија Марко Силва и го именуваа Карло Анчелоти како тренер минатиот месец, се на 11. место во Премиер лигата со 25 поени во 21 меч.

Scroll to Top