Top Sport

Златан со гол и асистенција при 9:0 победата над Родензе

Новото засилување на Милан, Златан Ибрахимовиќ го одигра првиот меч за својот старо-нов тим при пријателскиот 9:0 триумф над локалниот клуб Родензе, во натпревар одигран зад затворени врати, во кој Швеѓанецот имал гол и асистенција.

Целта на мечот беше да се види Швеѓанецот во акција по неколку недели неактивност по крајот на МЛС сезоната во октомври. Италијанските медиуми објавија дека Стефано Пиоли играл со 4-3-3 формација со Сусо и Чалханоглу напред покрај Златан, што е лоша вест за полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек.

Scroll to Top