Top Sport

Ливерпул продава четворица играчи

Ливерпул е тимот што потроши најмногу пари во досегашниот преоден рок на засилувања, близу 185 милиони евра. На „Енфилд“ пристигнаа Алисон, Фабињо, Кеита и Шакири. Откако го склопи ростерот за новата сезона, менаџерот Јирген Клоп, до крајот на преодниот рок ќе се обиде да продаде неколку играчи и од нив да заработи помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Инаку, Ливерпул на почетокот на трансфер периодот продаде еден играч. Дени Вард за 14 милиони евра за пресели во Лестер.

Уште четворица ќе го напуштат Ливерпул, напаѓачот Дени Ингс, Лазар Марковиќ, голманот Симон Мињоле и Дивок Ориги.

За Ингс се заинтересирани неколку тимови од Премиер лигата, а конкретна понуда од 23 милиони евра досега испратил Кристал Палас.

Голамнот Мињоле, според турските медиуми наскоро ќе го реализира трансферот во Бешикташ. Неговиот трансфер треба да изнесува помеѓу 13 и 14 милио и евра.

Лазар Марковиќ не успеа да се наметне од доаѓањето на „Енфилд“, три пати беше позајмуван во други тимови, а сега се шпекулира дека за 10 милиони евра ќе оди во Олимпијакос.

Напаѓачот Дивок Ориги минатата сезона ја мина во Волфсбург, а сега тој се поврзува со трансфер во Валенсија. Ливерпул од шпанскиот клуб бара околу 22 милиони евра за да го ослободи Белгиецот од договорот.

Scroll to Top